МАКЕДОНИЈА Политика

Спасов: Кога ќе го најдат Панчевски за притвор, нека ме повикаат и мене за изјава

Откако одредени медиуми објавија дека полицијата трага по десетина лица, меѓу кои беше наведен и професорот во пензија Ѓорѓи Спасов, кои правеле наводна изборна измама со тоа што на социјалните мрежи ги наведувале граѓаните да гласаат на неважечки начин, се огласи и лично професорот.

Спасов, кој беше министер и амбасадор, на својот Фејсбук профил соопшти дека „Љупчо Златев прв дознава, како во времето на Латас“.

„Се надевам дека ќе има доволно тв камери кога ќе ја давам изјавата. И да не трагаат по мене. Ги информирам дека сум таму кај што се крие Владимир Панчевски. Кога ќе го најдат него за притвор нека ме повикаат и мене за изјава“, напишал Спасов.

Претходно порталот Лидер објави дека МВР трага по Ѓорги Спасов од агенцијата Рејтинг, активистот Боби Илиевски и уште десетина други членови на политичка партија.

Љупчо Златев прв дознава. Како во времето на Латас☺Се надевам дека ќе има доволно тв камери кога ќе ја давам…

Gepostet von Gjorgji Spasov am Montag, 13. Juli 2020

Поврзани вести

Македонските истражувачи добија пристап до Европскиот конзорциум на архиви на податоци од општествените науки

Влатко Зорба

Ќучук: С.Македонија треба што поскоро да организира избори за да добие политичка влада

Адвокатите со апел: Кривичен суд врши дискриминација и не постапува согласно одредбите во вонредна состојба

Пратениците ќе се обидат да го изгласаат Законот за ЈО утре или во понеделник?

Александар Тодески

Рангелова: Не треба да креираме Закон за ЈО оние кои сме опфатени со случаи од СЈО

Александар Тодески

ФОТО: Илиоски и Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ не гласале за НАТО Протоколот

Александар Тодески