МАКЕДОНИЈА

Спасовски: 30 денови кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, по посебен протокол ќе работат објектите за храна

Кризната состојба во општините Дебар и Центар Жупа ќе трае 30 денови, потврди денес техничкиот министер Оливер Спасовски.

„Според акциониот план, рестораните и кафулињата нема да работат. По посебен протокол, ќе работат објектите за храна и снабдувањето со храна“, изјави Спасовски.

Тој посочи дека дотурот на храна во овие општини ќе биде на посебен начин со помош на Црвениот крст.

„Поштите, банките и другите институции ќе работат, но апелирам до граѓаните на овие две општини да останат дома, што е можно повеќе“, заклучи Спасовски.

Поврзани вести

АХВ препорачува: Да не се користат кафематите и апаратите за вода поради опасност од пренесување на коронавирусот

Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ од денеска ги започнува најавените протести

Никола Поповски

Надлежните се уште не можат да го најдат сопственикот на дивоградбата кај Мавровка, објавен е тендер за уривање

Централна грижа во буџетот за 2020 година се граѓаните, рече премиерот Заев

Луј Витон, кутија за кондури и ќесе – Како биле давани парите за „Рекет“

Александар Тодески

Се чекаат податоци од МОН: Комисијата без одлука за целодневен престој

Берта Китинска