МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Апел до младите да бидат поодговорни, да се пријави секое собирање на група луѓе низ државата

Потпретседателот на СДСМ и техничкиот премиер Оливер Спасовски на вечерашно интервју испрати апел до сите граѓани да го пријават секое собирање на луѓе било каде во државата.

„Неодговорното однесување носи неможност да се справиме со мерките. Јавната свест е на многу ниско ниво и затоа моравме да ги зајакнеме мерките и да ги затвориме моловите, казината и обложувалниците. Мора да бидеме поодговорни и да се посветиме во почитување на мерките“, изјави Спасовски.

Тој додаде дека целото пребродување на оваа ситуација од нас зависи и дека џабе ако институциите функционираат правилно, кога ние самите не сме одговорни.

„Имаме собири во влезови на згради, но засега патролните служби на МВР успеваат да стигнат и да ги растераат луѓето само на јавните површини“, вели Спасовски.

Поврзани вести

Костадинов: Комисијата за заразни болести одобри да се одржат изборите

Засилени инспекциските надзори на ДИЖС

Ивана Рамаданова

Контролирана депонија во Неготино: Опасност или тенденциозно ширење на паника?

Советник на Заев вербално му се заканувал на Игор Дурловски

Во Дебар 18 новозаразени со Ковид-19, најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата

Влатко Зорба

Алексијоски: Почнува најголемата санација на запуштениот систем за заштита на Охридското езеро

Влатко Зорба