МАКЕДОНИЈА Политика

Спасовски-Брнз: Потврдено партнерството и соработката меѓу С.Македонија и САД

Извонредната соработка, партнерството и пријателството кои Република Северна Македонија и САД ги негуваат беа уште еднаш потврдени на денешната работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, придружувана од Даглас В. Мејден, програм менаџер на ИЦИТАП Програмата и Хит Вард, регионален офицер за безбедност, што се одржа во Министерството за внатрешни работи.

Акцентот на средбата, како што информираат од МВР, бил ставен на процесот на интеграција кон Европската Унија и членството на Република Северна Македонија во НАТО, како и борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и сајбер криминалот.

Министерот Спасовски укажал на несмалениот интензитет во заложбите за јакнење на професионализацијата во полицијата, што ќе придонесе за успешно надминување на предизвиците во активностите на Министерството за внатрешни работи.

Соговорниците на средбата уште еднаш ги потврдиле партнерството и соработката, а на министерот Спасовски му биле упатени честитки со желба за успех во понатамошната работа на чело на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани вести

Околу 175 илјади луѓе во државава имаат дијабетес

Влатко Зорба

МВР: Безбедносната состојба на подрачјето на Дебар и Центар Жупа е стабилна

Бузаку: Ова е лична режија на Сулејман Реџепи

Костадинов: СДСМ нема да организира митинзи

Спасовски: Во наредните неколку дена ќе расправаме за одлука за нова вонредна состојба

Судир на мопед и мотоцикл, еден тешко повреден

Никола Поповски