МАКЕДОНИЈА Политика

Спасовски: Државата е осигурана, македонскиот јазик и идентитет признаени од светот

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, синоќа имаше средба со жители на општината Ѓорче Петров на којашто беа споделени охрабрувања дека државата е на правиот пат и треба да продолжи да се развива.
Пораките на средбата беа дека  државата е осигурана и македонскиот јазик и идентитет признаени од светот, со што се остварени вековните стремежи и се создадени услови за напредок.
-НАТО членството и интеграциите во ЕУ се придонес на нашите генерации во идентитетското и државното запишување во светската карта на држави и народи. Сега се создадени услови за напредок, тоа е брзата развојна македонска економија за којашто зборуваме, со цел повисоки плати и пензии, нови вработувања, социјална грижа за сите, со цел и да ги мотивираме младите да живеат и создаваат во родната земја, а сите граѓаните тука да ја гледаат својата иднина. Тоа е патриотизам на дело, рече Спасовски на синоќешната средба со граѓани во Ѓорче Петров.  

Поврзани вести

Димитров: Нема поголема гротеска и дрскост кога овие од злосторничкото здружение клеветат за меѓународна изолација

Влатко Зорба

СДСМ: Се гради како никогаш досега, започна проектот за изградба на локални патишта и улици во општините во должина од 450км

Никола Поповски

Гоце Марков од Инфективна клиника: Не е грипче луѓе, како да му објасниш некому колку брзо се умира?

СДСМ: Мицкоски глуми загриженост за јавното здравје, а организира јавни собири

Никола Поповски

Шекеринска: Во 21 век имаме опозиција која мисли дека светот не припаѓа еднакво на жените

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различен став за избори на 5 јули, ДУИ е за датум со консензус