МАКЕДОНИЈА Политика

Спасовски-Герберих: Продолжува поддршката од Германија на патот на земјата во ЕУ

На денешната средба на претседателот на Владата Оливер Спасовски и германскиот амбасадор во земјата Томас Герберих беше истакната и повторена поддршката на Германија за скорешно започнување со пристапните преговори на нашата земја со Европската Унија и беше заклучено оти процесот за развој на методологијата не смее да донесе поместување на пристапните преговори, соопштија од владината прес-служба.

На средбата беше истакнато дека вчерашната посета на еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји донела умерен оптимизам дека може да се очекува позитивна одлука од Унијата за почеток на преговорите.

– Спасовски нагласи дека Владата ќе продолжи да дава дополнителни позитивни аргументи за таква одлука на ЕУ, како што се подготвеноста за продолжување и одржување на политички дијалог, стабилни меѓуетнички односи, спроведување на реформите и функционирање на институциите, владеењето на правото и дополнителни напори за изнаоѓање на политички решенија за клучни законски реформи, информираа од прес-службата на Владата.

На средбата е констатирано дека Северна Македонија и Германија имаат одлични билатерални односи, кои ги карактеризира динамичен дијалог и стабилно партнерство и беше изразена подготвеност за продлабочување на соработката и во наредниот период.

– На средбата, премиерот Спасовски и амбасадорот Герберих позитивно ја оценија одличната соработка во различни сфери особено во економијата меѓу двете земји и беше изразена подготвеност за унапредување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и СР Германија, наведоа од владината прес-служба.

Поврзани вести

Намалено нивото на вода во акумулациите Липково и Глажња

Stefanija Kuzmanovska

Додатокот на плата од 3.000 денари за млади вработени до 23 години може да ја искористат 4.000 лица

Влатко Зорба

МАПА Ковид 19: Регистриран првиот позитивен случај во Валандово, овие 6 градови се се уште „заштитени зони“

Берта Китинска

СДСМ: Исплашен од пораз, Мицкоски лаже, не се потребни 60 дена за избори после вонредната состојба

Охридски газда ги однел сите 140 вработени на платен одмор во Турција!

Александар Петровски

Во Дебар и Центар Жупа ќе се издаваат пропусници за движење