МАКЕДОНИЈА

Спасовски на фејсбук сo спот за менталното здравје во вонредната состојба (видео)

Премиерот Оливер Спасовски на својот официјален фејсбук профил сподели спот со кој на граѓаните им се објаснува како да се грижат за своето ментално здравје за време на кризата предизвикана од коронавирусот.

Во спотот има шет препораки за граѓаните како да го направат тоа. Првата е да го ограничат времето за информирање и следење вести, втората е да имаат дневен план и распоред на активности, а третата е да се релаксираат и да негуваат позитивни чувства. Со четвртата препорака им се сугерира на граѓаните да практикуваат физичка активност, со петтата да се хранат здраво, а со шестата да одржуваат постојан контакт со блиските.

Истиот спот го сподели и министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил.

Грижете се за менталното здравје

Не заборавајте да се грижите за своето ментално здравје за време на КОВИД-19 кризата. Споделете и следете ги овие совети 👇

Gepostet von Oliver Spasovski am Samstag, 4. April 2020

Поврзани вести

Викендов облачно со локални врнежи од дожд и снег

Влатко Зорба

Во Охрид се одржува втората сомелиерскa обукa

Stefanija Kuzmanovska

Богојески: Премиер Албанец може да биде и од Македонски концепт

Продолжува периодот на топло време, задутре слаб локален дожд

user3

Ангелов: Бугарската платформа успеа да го обедини македонскиот народ

Филипче: Останувам во изолација до добивање на епидемиолошка проценка

Берта Китинска