МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Од човечки аспект ѝ бил оставен простор на Јанкуловска да се поздрави со семејството

На новинарско прашање, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека од човечки аспект ѝ бил оставен простор на Гордана Јанкуловска да се поздрави со семејството од околу половина час, односно не е веднаш спроведена во затвор после врачувањето на актот.

„Ако акцијата за спроведување на Јанкуловска не беше експресна ќе ме прашавте зошто чекате и зошто уште се губи време за тоа. Постапката беше врз основа на наредба од судијата за извршување на санкции врз основа на пресудата на Врховниот суд и така беше спроведена во затворот „Идризово“. Наредната гласеше веднаш да се приведе лицето и моравме врз основа на тоа брзо мораше да реагираме. Законот мора да важи подеднакво за сите“, соопшти Спасовски.

Тој додаде дека имало многу сознание за лицето и поради тоа имало набљудување на домот на поранешната министерка за внатрешни работи.

Поврзани вести

Продолжуваат турканиците пред банките: Возрасните стравуваат дека нема да успеат да ги завршат обврските

Берта Китинска

Честитка од премиерот Заев по повод Денот на албанската азбука

Ивана Рамаданова

Спасовски: Државниот интерес да биде приоритет на сите министри и заменици во Владата

Viktor Jovanov

Влада: Кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, се затвора ски центарот Маврово и граничните премини Џепиште–Требиште и Блато кон Албанија

Заев, Рама и Вучиќ утврдија заедничка декларација за регионална соработка

Влатко Зорба

Агим Јонуз: Македонија овој момент ја подразбираат како огромно претпријатие каде што единствена борба е поделбата на фотељите