МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Подобро менаџирање на МВР немаше да доведе до пасошка криза

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска изјави дека владата е запознаена со пасошката криза која се случува во моментот. Тој директно обвини дека за ова е виновен актуелниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој според Спасовски наместо со суштински работи се занимавал со неважни прашања.

-Минатата недела беше доставена информација до владата околу целата оваа состојба со недостатокот на пасоши во земјата. Подобро менаџирање, начинот на функционирање внатре во институцијата и повеќе бавење со суштински работи отколку со неважни прашања немаше да доведе во ваква криза, како и да е ние веќе размислуваме како да дојде до конечно решение, рече Спасовски.

Министерот Наќе Чулев пак вели дека одговорноста треба да се бара кај трети луѓе, а вина за ова имал и поранешниот министер за внатрешни работи а сега актуелен технички премиер Оливер Спасовски, како и помошник министерот на МВР.

-Основното јавно обвинителство треба да одлучи кои лица ќе бидат опфатени со кривична одговорност за пасошите. Сигурно тука ќе бидат и други лица освен врвната одговорност. Тука сигурно е и помошникот министер, бидејќи проблемот е и во дел од набавките и информирање за потребата, вели Чулев.

Поврзани вести

Бектеши: Предвремените парламентарни избори нема да го одложат донесувањето на законот за пазарџиите

Viktor Jovanov

Ременски: Антикорупциска утврди дека екс директорот на УБК живее во куќа на адвокатот на Камчев

Берта Китинска

Примислав Димовски назначен за началник на новата Единица на интервентна полиција

Штафетна трка на бизнис секторот во Скопје

Влатко Зорба

Сојуз на стопански комори: Државата треба да му помогне на приватниот сектор за справување со последиците од коронавирусот

Viktor Jovanov

Во Собранието денеска завршува третиот дијалог во рамки на процесот „Жан Моне“

Никола Поповски