МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Првпат бележиме поголем број на излекувани пациенти од бројот на активни случаи, здравствениот систем функционира добро

Оваа криза покажа дека институциите на системот функционираат добро, дека здравствениот систем функционира добро, а тоа го потврдува и фактот дека првпат бележиме поголем број на излекувани пациенти од бројот на активни случаи, оцени премиерот Оливер Спасовски во објава на Фејсбук.

– Здравствените работници и сите граѓани коишто се придржуваат до мерките на претпазливост ја заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија, наведува Спасовски.

Тој во објавата потенцира дека сепак нашата борба сѐ уште не е завршена и апелира сите заедно да продолжиме да ги почитуваме меките мерки, држење растојание од два метра од лицата околу нас, на затворени и отворени простори, задолжителното носење заштитна опрема за покривање на устата и носот и да не се групираме.

– Само така ќе успееме да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови, додава премиерот Спасовски во објавата на Фејсбук.

Поврзани вести

Здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна од „Виталиа”

Д-р Докиќ: Не е неопходно целото население задолжително да носи маски

Влатко Зорба

Одложено судењето за „Т.Н.Т“ за 25 ноември

Ивана Рамаданова

Време, умерено облачно и потопло

МВР: Tри лица во кавадаречко не ги почитувале мерките за самоизолација

Куќен притвор за скопјанец кој чувал дрога во тегли од ајвар и лутеница

Никола Поповски