МАКЕДОНИЈА Политика

Спасовски: Ромите ги повикувам да се соединат против оние кои играат мајтап со ромскиот јазик

„Структури на режимот се уште работат против интересите на државата, како што е во правосудството“ одговори носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на прашањето за постоечките режимски структури и денес, на коишто посочува СДСМ и најави прочистување на правосуството како еден од приоритетите во Програмата за новиот мандат.

„Пред 4 години како новинар не смеевте да зборувате, денеска имате слобода `се да кажете. Денес сме членка на НАТО и држава којашто чека почеток на преговорите со ЕУ. Лидерот на опозицијата очекуваше дека нема да има преговарачка рамка и тоа се случи. Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ и тоа е еден од нашите столбови во Прграмата“, рече Спасовски и најави затворање на 80 проценти од поглавјата во преговарачкиот процес, за време на претстојниот 4-годишен мандат.

Прашан за реакциите околу употребата на ромскиот јазик Спасовски повторно се обрати на ромски јазик како израз на почит кон граѓаните од ромска националност и упати повик до Ромите.

„Ромите ги повикувам да се соединат против оние кои играат мајтап со ромскиот јазик и ги влечат за уши“, рече Спасовски.

Тој упати повик до сите граѓани да отфрлат обнова на режимот и да изберат перспективна иднина.

„Да работиме на економскиот раст, да ги јакнеме пријателствата и државата на оди напред“, порача Спасовски.

Поврзани вести

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги слават насилниците и промовираат насилство

Влатко Зорба

Од 1 јануари нема повеќе набавка на пластика за еднократна употреба

Никола Поповски

Oтворена првата Регионална конференција за вмрежување на македонската дијаспора

Влатко Зорба

Левица: Цела година Антикорупциската одбива да отвори предмет против Еролд Муслиу

Александар Петровски

Меља: Во втората фаза коронавирусот се прошири во сите населени места во Дебар

Берта Китинска

Манчевски: Системот за електронски здравствени картички не функционира и ќе се укинува