МАКЕДОНИЈА Хроника

Спасовски за нападот врз Мутков: Тоа се луѓе познати на јавноста по криминални активности

Во врска со инцидентот со Борис Мутков, познат како Фантом, кон кој било пукано вчера со автоматско оружје додека се возел со својот автомобил марка “мерцедес” во скопската населба Бардовци, според првичните сознанија, како што информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција, се работи за пресметки на криминални групи.

– Тоа се луѓе познати на јавноста по криминални активности. Но, оставам истрагата да покаже и да ги утврди сите факти и да се види дали има поврзност помеѓу групите, настаните…, одговори Спасовски на новинарско прашање дали има првични сознанија, дали тој напад има врска со нападот што се случи претходно во хотелот Александар Палас во Скопје.

Министерот Спасовски нагласи дека тоа лице го видел и во Собранието на 27 април.

Инаку, Борис Мутков беше осуден на осуммесечна условна казна затвор за упадот во Собранието од 27 април, заради учество во толпа.

Поврзани вести

Николова: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не дојдоа на расправата да ги изнесат своите аргументи

Александар Тодески

Адамчевски: Да лежиш само еден ден на Инфективна ќе сфатиш колку е страшно

Влатко Зорба

Извадиле маса и почнале да пијат среде улица, откако ги замолиле да се тргнат извадиле нож

Берта Китинска

Дерковски: Потребно е допрецизирање на прекршочните одреби за престапувањата за време на изборите

Viktor Jovanov

Во основните училишта во ЕУ во просек има 13,6 ученици на еден наставник, додека кај нас 15

Александар Петровски

Судењето за „насилството во Центар“ продолжува на 28 септември

Влатко Зорба