МАКЕДОНИЈА

Специјалист по спортска медицина исплива маратон на акумулацијата „Турија“ кај Струмица

Бошко Илиев (55), доктор специјалист по спортска медицина од Кавадарци, денеска ја преплива акумулацијата „Турија” кај Струмица во должина од шест километри за време од два часа и 36 минути.

Станува збор за индивидуално, како што вели тој, маратонско пливање кое има за цел афирмација на убавините на земјава,  односно на природните и вештачките езера кои може да бидат погодни не само за туризам туку и за спортување.

Минатата година тој ја преплива акумулацијата Водоча кај Струмица, а пливал во Кавадарци, на Крушевското езеро, на Свети Наум на Охридско, а следна негова дестинација е Дебарското Езеро. Настанот го подржаа општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а го помогнаа и членови на ЗСР „Шампион“ од Струмица.

Како кажал Илиев, ова му било 91 во маратонско пливање, што како соло, што под капата на пливачката федерација во категоријата на ветерани. Годинава за него ова е трето маратонско пливање. Пливал во Кавадарци, на Крушевското Езеро и кај Св. Наум на Охридското, а во наредниот период планира да го преплива Дебарското Езеро.

Поврзани вести

Филипче: Ние сме земја со пониска стапка на смртност и од Грција и од Словенија

Одредена мерка одземање на имот заради обезбедување за плацевите на Водно

Берта Китинска

Калеска-Ванчева: Во извештајот на ЕК се констатира напредок во областа на правосудството

МЗ со наредба: Самоизолација за граѓаните кои патувале од високо и средно ризични земји

Филипче: Во кумновската болница како оддршка на вработените дојдоа лекари од Штип и Скопје

Берта Китинска

Владата на седница во 17 часот ќе одлучи за 58 часовниот карантин