МАКЕДОНИЈА

Средба на Заев, Царовска и Филипче со пензионерите – преземените реформи даваат резултати и економски ефекти за сите граѓани

„Пензионерите, нашите сограѓани, родители, мајки и татковци, баби и дедовци, преку 300 илјади граѓани на нашата земја, се дел од оние кои го заслужуваат најголемото внимание. Целиот работен век го вложувале за напредокот на нашата земја, ги вложувале своите капацитети на работните места, во домот и семејството. Затоа заслужуваат да имаат пристојни пензиски денови. Да им се оддолжиме достоинствено“, рече премиерот Заев во своето обраќање кон присутните.

Тој додаде дека покачувањето на пензиите е резултат на позитивните економски и е исполнување на најавата уште во април кога беше констатирано дека постои економски раст во земјата.

„Од идниот месец, сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари коишто ќе влезат во основицата на пензијата. До крајот на годината, пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година, пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година, просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари“, истакна министерката Царовска.

„Веќе трет месец лековите се достапни за пациентите во секое време. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во аптеките низ целата држава, го решивме деценискиот проблем. Сите граѓани се снабдени со лекови согласно нивните реални медицински потреби, без да прават залихи во нивните домови. За лицата над 64 годишна возраст, обезбедивме бесплатна вакцинација против сезонски грип. Во предлог-буџетот за 2020 година, одвоивме средства за болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во нашата држава“, потенцираше министерот Филипче.

На средбата со пензионерите се разговараше и за планираниот развој на социјалните услуги на локално ниво кои ќе бидат наменети за повозрасната популација којашто е во социјален ризик, како и за останатите мерки кои се планираат за да продолжат реформите за подобрување на положбата на пензионерите.

Поврзани вести

Георгиевски: Додека беше Груевски претседател, ВМРО-ДПМНЕ објави книги во кои населението во Македонија го декларираше како бугарско

Посвежо време со дожд и ветер, температура до 21 степен

Пендаровски: Мора да бидеме одговорни, да се оди на кафе после мерките е крајно несериозно

Ако се почитуваат мерките студентите ќе може да одат на предавања и да полагаат испити

Мицкоски за РСЕ: Не можеме да ја игнорираме реалноста, но ќе се бориме да ја промениме (ВИДЕО)

Никола Поповски

Одобрено обвинението против Меѓународен сојуз