МАКЕДОНИЈА

ССМ го поздравува ставот на Владата да нема намалување на платите на вработените во јавниот и приватниот сектор

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) по објавувањето на вториот сет владини мерки излезе со соопштение во кое го поздравува ставот на Владата да нема намалување на платите на вработените во јавниот и приватниот сектор.

Во соопштението се наведува дека мерките биле усогласени на денешната седница на  Економско-социјалниот совет и оти конструктивниот социјален дијалог е главната алатка за да се сочува достоинството на работниците во овие спефицични моменти за државата.

– На седницата социјалните партнери заеднички констатираа дека главен приоритет, во овој специфичен период е здравјето и животот на работниците и граѓаните, но дека состојбата не смее засега да се дозволи да премине и во криза на пазарот на трудот и истата да биде надминувана на грбот на работниците. Конструктивниот социјален дијалог и можноста претставниците на работниците да ги изнесат своите предлози и решенија за оваа состојба е главна алатка во овие специфични моменти преку која сите заедно можеме да придонесеме за зачувување на достоинството на работниците, а истовремено и да помогнеме на Македонската економија, велат од ССМ.

Сојузот на синдикатите апелира до сите граѓани да се придржуваат до препораките на Министерството за здравстви и Владата за побрзо да се надмине состојбата со коронавирусот во земјава.

Поврзани вести

Жбогар: Новата Влада да подаде рака на опозицијата, со цел заедно да работат на реализација на стратешките интереси

Приведено лицето кое ги запали возилата на ЕВН

Никола Поповски

Иванов: Ова е ден за љубов кон нашата татковина Македонија

Берта Китинска

Меѓународен ден на знаковниот јазик: Знаковниот јазик не е доволно застапен во земјава

Берта Китинска

Цивил: Се врши притисок врз пратеници за да не гласаат за Законот за ЈО

Александар Тодески

Од црвениот тепих на синоќешната премиера на „Врба“ во Македонска филхармонија (ФОТО)

Влатко Зорба