МАКЕДОНИЈА

Стано: Ставот на Бугарија за македонскиот јазик нема никакво влијание врз ЕУ

Откако се разбрани јавноста поради недообјаснети информации за бугарски „документ“ во ЕУ според кој преговорите треба да бидат условени со откажувањето од македонскиот јазик и малцинство, се огласи самата Европска Унија денеска, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во писмен одговор за МИА, Петер Стано, портпарол на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, повторува како функционира носењето на одлуки во Европската Унија.

-Европскиот Совет едногласно ја одобри одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија. Ставот на ЕУ е јасно искажан во заклучоците на Советот. Еднострани ставови на земји членки немаат влијание врз овие заклучоци, напиша Петер Стано во одговор до МИА.

Минатиот месец земјите членки едногласно дадоа зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија што е можно побргу и без ниеден дополнителен предуслов, за разлика од Албанија.

Во ЕУ е пракса земјите членки имаат право да го искажат своето несогласување со некои делови од одредена одлуката и да приложат свој документ во анекс за да остане запишано нивното мислење, но тоа нема правна тежина, ниту пак во овој случај ја менува на каков било начин одлуката на ЕУ да ги отпочне преговорите со Северна Македонија.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Дали министерката Ангеловска пријавила дека има депозит од 250 000 евра во Еуростандард банка?

Никола Поповски

Шилегов: Пречистителната станица спас за скопските реки, би профункционирала најдоцна 2025-та

user4

Димитров: Шпанија го ратификуваше протоколот за НАТО со нула гласови против и покрај тешките услови

Денеска продолжува судењето за предметот „Титаник”

Филипче: Следната недела одлука дали ќе продолжи мерката за родителите ослободени од работа и за хронично болните

Берта Китинска

Чулев го честиташе „Денот на македонската полиција“ објавувајќи фотографија од новиот спот