МАКЕДОНИЈА

Статистика Ковид 19: Повеќе умираат мажи отколку жени во замјава, а ова е најкритичната возраст

Бројот на новодијагностицирани со коронавирусот во државава бележи намалување. Вчера беа регистрирани 87 нови случаи, завчера 127, а ден претходно 111 случаи.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.

Најголем број дијагностицирани 1.373 има во Скопје, додека бројот на активни случаи изнесува 760, потоа следат Куманово со 568 дијагностицирани и 150 активни случаи, Тетово со 301 дијагностицирани и 135 активни случаи, Штип со 223 дијагностицирани и 185 активни случаи, Прилеп со 218 дијагностицирани и 25 активни случаи…

Заклучно со податоците активни случаи во Скопје и околината има во: Чаир-192, Бутел-68, Центар-66, Гази Баба-63, Аеродром-61, Карпош-57, Сарај-55, Кисела Вода-37, Ѓорче Петров-23, Арачиново-23, Шуто Оризари-21, Студеничани-20, Илинден-18, Петровец-6, Чучер Сандево-3, Сопиште-2 и Странец-2.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 638 (20,2%) со инциденца од 166,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 220,1/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (612 заболени). Најниска инциденца од 74,3 и 68,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 170 односно 172 случаи

Според податоците на Институтот за јавно здравје заклучно со понеделник регистрирани се 156 смртни случаи (Лт = 4,9%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=102) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 26,6/100.000 жители. Регистрирани се 106 смртни случаи кај лица од машки и 50 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 119 (76,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=85), дијабет (n=32) и белодробна болест (n=30). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (5,8%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 94,2% починале за време на хоспитализација.

 

Поврзани вести

„Анима мунди“: Вчерашното приведување е изживување врз тинејџер и неговиот миленик

Берта Китинска

Груби -Тахири: Да се отворат границите со соседите за нашите економии да функционираат послободно

Берта Китинска

Ципрас: Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој на Балканот

Александар Петровски

Рестрикции ќе има само доколку е потребно, во ноември можно е враќање во школите и на други одделенија

Берта Китинска

Во спомен на починатите: Денеска е Задушница

Никола Поповски

АХВ со молба до граѓаните: За Бајрам да не купуваат месо од диви пазари, туку од одобрени месарници