МАКЕДОНИЈА

Стејт Департментот ја поздрави пресудата за случајот „Рекет“

САД преку портпаролот на Стејт Департментот ја поздрави вчерашната пресуда на Кривичниот суд, во која поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби првостепена казна затвор од седум години, додека вториот обвинет Бојан Јовановски мина со девет години.

„Пресудата за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и за шоуменот Бојан Јовановски – Боки 13, испраќа важна порака дека корупцијата нема да се толерира“, изјавил портпаролот на Стејт департмент, во изјава за Гласот на Америка.

„Овој случај става јасно до знаење дека злоупотребата на јавна функција за лична корист ќе биде казнета соодветно”, рекол портпаролот, велејќи дека одблизу го следат овој случај.

Поврзани вести

Во приколка откриени 10 мигранти од Ирак, Авганистан и Бангладеш

Никола Поповски

ОЈО: 29 скопјани не го почитувале полицискиот час

ВИДЕО: Како Груевски повика на протести еден ден пред почетокот на „За заедничка Македонија“

ФРОДЕМ: Целта е демократизација на ВМРО-ДПМНЕ и обединување на десницата

Viktor Jovanov

Северна Македонија го избира десеттиот парламент од независноста

Николовски: Инвестициите во земјоделството и руралниот развој се на неприкосновено прво место

Влатко Зорба