МАКЕДОНИЈА Политика

Стојаноска: Коалицијата СДСМ-ДУИ е за заштита на криминалот

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ставот на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес е непроменет, односно дека техничката влада во ваков облик и форма е нефункционална и дека истата не треба да постои.

Одговарајќи на прашањето за ставот во врска со предлогот на коалицијата СДСМ-ДУИ во односно на укинувањето на техничка влада, Стојаноска рече дека Зоран Заев и Али Ахмети не може еднострано да тргуваат со нешто кое создава права и обврски и за опозицијата и нешто што беше заеднички договорено со консензус од политичките партии од власта и опозицијата во тоа време.

„Пример за нефункционалноста е на пример кога министерот за внатрешни работи ќе апси луѓе кои што вршат поткуп, а обвинителот ќе ги ослободува и истите за кратко време ќе ги видиме како се фотографираат со Зоран Заев или министер за внатрешни работи ќе донесе одлука и ќе именува професионалци, за истите од страна на владата да бидат заменети со партиски војници.

Сето ова точно е дека создава проблем со функционалноста и е мотив повеќе политичките партии и од власта и опозицијата да донесат итно решение чија што задача ќе биде само спроведување на фер и демократски избори. Во спротивно ако со ваква техничка влада ни се случи ваков масовен поткуп, тогаш можеме да замислиме што би се случило на следните парламентарни избори со ваква полна влада на Заев и Ахмети“, изјави Стојаноска.

Таа на денешната прес-конференција кажа дека коалицијата СДСМ-ДУИ не е за напредок на државата, туку за продолжување на лагите, криминалот и корупцијата.

„Коалицијата СДСМ-ДУИ е за продолжување на матните тендери, распродажба на државните интереси за сметка на личното богатење. Македонија нема да види преродба туку стагнација, проблеми и продлабочување на поделбите“, изјави Стојаноска.

Поврзани вести

Протестен марш на туристичките работници: Туризмот е на респиратор, ни треба помош веднаш

Прес-конференција на премиерот Спасовски за третиот пакет економски мерки

Починаа три лица позитивни на Ковид 19 во земјава

Димитровски: Сите министри па и Мизрахи потпишаа документ на кој стои Република Северна Македонија

Viktor Jovanov

Пендаровски со предлог: Регионален самит за потврда на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Влатко Зорба

Почина жена од Гостивар позитивна на коронавирусот

Берта Китинска