МАКЕДОНИЈА

Стоматолози од Гевгелија одржаа концерт како поддршка за нивните колеги доктори

Двајцата млади стоматолози Александар Петковски и Томе Каркалашев од Гевгелија одржаа акустичен концерт како поддршка за нивните колеги доктори.

Со своите гитари и листа од македонска музика, тие во саботата во текот на полицискиот час им приредија едночасовно уживање на гевгеличан под отворено небо.

– Стиховите „Чукни во дрво, вистина е, надвор е пролет, живи сме“ е метафорична порака со која сакаме да изразиме поддршка и благодарност до нашите колеги доктори кои во моментот се во првите борбени редови против коронавирусот, велат двајцата млади стоматолизи.

Александар се надева дека пораката што ја испратиле до јавноста, ќе бид еприфатена од сите.

– Можеби ноќните излегувањата се уште не се дозволени, а не знаеме ни кога ќе се врати животот во нормала, но затоа знаеме дека гелгеличани уживаа на своите балкони, вели Александар.

Неговиот колега Томе вели дека немаат намера да селектираат професии и оти сите што работат во овие вонредни услови заслужуваат аплауз.

– Преку пораката немаме цел да селектираме професии. Многу професии се исто така изложени на ризик од вирусот. Доставувачите на храна, вработените во маркетите, полицијата, војската, лицата ангажирани за оддржување хигиена, возачите и уште многу други. Сите заслужуваат огромен аплауз, вели Томе.

Нивното дуо е познато како „ChillOut“. Настанот беше поддржан од градоначалникот на општина Гевгелија и кафулето „Пикасо“ кој го пренесуваше настапот на социјалните мрежи.

Поврзани вести

Почина пациентка од Лабуништа, регистрирани нови 25 случаи

Влатко Зорба

Сончево со мала облачност и температура до 24 степени

Владика Петар: Има расположение во Цариградската Патријаршија да почнат официјални разговори

user4

Димитров до Вархеји: Почетокот на преговорите ќе придонесе досегашните резултати да бидат валоризирани

Ајровски: Населението во Дебар строго ги почитува мерките, снабденоста на маркетите е редовна

Берта Китинска

Еленовски разрешен од функцијата специjален претставник на С. Македонија во Брисел