МАКЕДОНИЈА

StopKorona! – апликација за справување со КОВИД-19

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за „StopKorona!“ – мобилна апликација за справување со коронавирусот, и го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација меѓу Друштво за информатичка технологија „Некстсенс“ како давател, и Министерството за здравство како примател на донацијата.

Од Владата посочија дека користењето на оваа мобилна апликација е на доброволна основа од страна на граѓаните, а деталите за апликацијата ќе бидат презентирани на прес-конференција од страна на министерот за здравство и министерот за информатичко општество и администрација.

На владината седница е донесена и Уредба согласно која Министерството за здравство како мерка може да примени и најнови технолошки достигнувања при ефикасно утврдување на вирусот.

-Владата донесе Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, согласно која заради спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на коронавирусот и поефикасно утврдување дали одредено лице било или се сомнева дека било во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со коронавирус, како и негов навремен медицински третман, Министерството за здравство како мерка може да примени и најнови технолошки достигнувања (интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично), при што во однос на обработката на личните податоци се применуваат прописите од областа на заштита на личните податоци, како и соодветни технички и организациски мерки за да се обезбеди ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот, се наведува во владиното соопштение.

Поврзани вести

Европска комисија: Разумно е да се размислува за избори, не може С. Македонија вечно да има техничка влада

На протестот против загадувањето се скандираа политички пароли

Maja_Serafimova

Обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со Ковид-19

Битиќи: Економијата во Македонија во 2020 година не е иста со економијата во 2008 или 2001 година

Тасев: Ако не реагираме за случувањата САД-Иран, што да очекуваме ако кај нас има такво нешто

Петровска: Полицајците кои правеа забава го нарушија и угледот на МВР