МАКЕДОНИЈА

Страшевски: Нема раздвојување на судењето за Трајковски

Нема раздвојување на судењето за ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски во предметот ТНТ поради здравствената состојба, соопшти неговиот адвокат Страшевски по денешното одложено рочиште.

„Тони Трајковски денеска дојде сам во судница без придружба на полицијата и со него донесе медицинска документација дека има забрана од лекар да присуствува на рочишта. Докторите препорачуваат мирување од 15 дена“, изјави Страшевски.

Обвинителот Бурим Рустеми на денешното рочиште побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски меѓутоа неговиот адвокат Страшевски не се согласи со овој предлог, велејќи дека за 10-тина дена ќе биде во подобра состојба.

Рочиштата закажани за утре и задутре нема да се одржат туку судењето треба да продолжи во понеделник, на 20 јануари.

Во предметот ТНТ обвинети се вкупно седум седум. Меѓу нив, покрај Трајковски се и поранешниот министер Миле Јанакиески, избеганиот експремиер Никола Груевски и уште четири лица кои во 2011 учествувале во процесот на уривање на комплексот „Космос“.

И.Р.

Поврзани вести

Во овие четири града во Македонија најбргу се шири коронавирусот

Берта Китинска

Општините имаат важна улога во справувањето со семејното насилство во услови на пандемија

Stefanija Kuzmanovska

ДИК: Денес гласале вкупно 723 лица, не се објавуваат резултати

Тасев: Заради корона кризата, многу од неопределените ќе се плашат да излезат на избори

До 13 март прекин на репертоарот на Драмски театар

Влатко Зорба

Скоро 10 000 позитивни случаи на Ковид-19 за 5 месеци, починале 460 лица