МАКЕДОНИЈА

Страшевски повторно му пиша на Здравев, бара итен престанок на мандатот на пороничката во „ТНТ“

Честитки за Божик со потсетување до претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев дека треба да закаже итна седница со цел да констатира престанок на мандатот на поротничката Лилјана Ивановска – Кочковска, која е поротник во случајот „ТНТ“ испрати адвокатот Јовица Страшевски. Во случајот меѓу обвинетите е и неговиот клиент Тони Трајковски, поранешен градоначалник на оптшина Гази Баба.

Страшевски во писмото наведува дека не сакал да пишува на празникот, но немањето одговор од Здравев повторно го натерало да пише писмо, во кое поставува шест прашања и дава одговор на истите.

„1.Врз основа на кој закон и кој член ако се повикате на некој закон, Судскиот совет треба да констатира престанок на мандат за судија-поротник на кого му е веќе истечен мандатот на 23.12.2019 година? Нема таква одредба во ниту еден закон! Па затоа доволно е тоа да и го соопштите на јавнота на Претседателот на Кривичен совет и поранешната поротничка Лилјана Ивановска – Кочковска.

2.Дали Претседателот на Oсновниот кривичен суд има законска можност да го повика ова лице на било кое рочиште закажано по 24.12.2019 година? Нема! Член 81 од Законот за судовите е дециден и јасен: Кога против судија –поротник се спроведува истрага или е поведена постапка за престанок на функцијата, претседателот на судот нема да го повика да ја врши функцијата судија-поротник. Вие како одговорен за доследно применување на законите во нашата држава заедно со останатите членови на Судскиот совет сте должни тоа да го истакнете и да му укажете на Претседателот на Основниот кривичен суд во спротивно сите Вие станувате прекршители на законот по повеќе основи!

3.Зошто не излезете во јавност како орган кој треба да го контролира работењето на судовите и судии и не ги решите овие неспорни факти кои како дилема сакаат да се пласираат во јавноста? Затоа што молчењето е дел од стратегијата кој некој ја осмислил а сите Вие кои ја имплементирате ќе треба да одговарате пред органите на прогонот за што најавувам пријави до МВР и Обвинителството!

4. Зошто не одговорите официјално на барањето испратено до Вас од страна на Претседателот на Основниот кривичен суд во врска со поротниците во предметот ТНТ со конкретни насоки и упатства, туку тоа го правите со бледи и конфузни соопштенија? Одговорот е ист со точка 3! Нема! Член 81 од Законот за судовите е дециден и јасен: Кога против судија –поротник се спроведува истрага или е поведена постапка за престанок на функцијата, претседателот на Судот нема да го повика да ја врши функцијата судија-поротник.

5. Зошто како институција која постојано се повикува на транспарентност и отчетност не ги објавите дописите што до Вас ги доставил претседателот на Основниот Кривичен суд и да покажете како сте одговориле на истите? Затоа што знаете дека истите се незаконски и така пробувате да го заштитите, дури истите не ги доставувате ниту до членовите на судскиот совет со што правите уште едно кривично дело!

6. Дали со Вашата намера за не превземање на било какви мерки и чекори и умислено одлагање на седниците на Судскиот совет под разни околности само помагате кон сторувања на повеќе кривични дела од страна на поранешниот судија-поротник Лилјана Ивановска – Кочковска и Претседателот на Основниот кривичен суд? Да! Никој во нашата држава не смее да остане неказнет за дејствијата кои ги превзема спротивно на закон“, пишува Страшевски.

Поврзани вести

Филипче: Ги подобруваме условите во Клиниката за психијатрија

Кичеец: Снимките се автентични, имав повеќе состаноци со Мицкоски

Мизрахи–Мантованели: Подобрување на социјалните услуги и детската заштита

Старова: 10 години пропуштени во дипломатскиот континуитет со Франција ја чинат државата

Влатко Зорба

Велигден во карантин: Празнување дома со молитва и свеќа в рака

Берта Китинска

Манчевски: Во ниту еден извештај на ОБСЕ откако сум министер нема забелешка за притисок врз администрацијата

Viktor Jovanov