МАКЕДОНИЈА

Стратешка расправа за заедничките цели на ЕУ и Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, при пристигнувањето на работната вечера на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел, истакна дека станува збор за важна средба посветена на стратешка расправа за заедничките цели на ЕУ и Западен Балкан.

„Ќе разговараме за начините за продлабочување на партнерството помеѓу ЕУ и Западен Балкан. Ќе ја потврдиме европската перспектива на регионот и ќе дадеме јасни насоки за неопходниот напредок во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, рече Мишел.

Претседателот на Европскиот совет, кој е и домаќин на работна вечера во Брисел, наведе дека очекува искрени, отворени и конструктивни разговори за партнерство со лидерите од Западен Балкан.

На покана на претседателот на Европскиот совет, на вечерта во Брисел присуствуваат претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, која моментално претседава со Советот на ЕУ.

Од регионот, на работната вечера во Брисел пристигнаа српскиот премиер Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, Жељко Комшиќ, претседател на претседателството на БиХ, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, претседателот на С. Македонија Стево Пендаровски и Хашим Тачи.

Поврзани вести

АНБ се уште има пристап до уредите за прислушкување, вели Чулев

Берта Китинска

Спортските сали во Карпош, Кисела Вода, Радовиш и Куманово им се враќаат на општините

Maja_Serafimova

„Снежен град-2020“ на Попова Шапка

Берта Китинска

Маричиќ: Успех е скокот од заробена држава, две години подоцна да се вратиме на масата каде се носи одлука за преговори

Maja_Serafimova

(ГАЛЕРИЈА) Скопје мирно како „бајче“ за време на полицискиот час

Влатко Зорба

Ќучук: Членство во НАТО и ЕУ се постигнува само со политика на единство