МАКЕДОНИЈА

Стручните лица порачуваат: Физичкото дистанцирање не треба да го попречи социјалното дружење

Физичкото дистанцирање не треба да го попречи социјалното дружење, а квалитетното време во оваа ситуација да го искористиме за меѓусебна поддршка и охрабрување, порачаа стручните лица кои учествуваа на информативната видеосесија што ја организираше Владата синоќа на темата за психолошката поддршка за граѓаните на кои тоа им е потребно, а која произлегува од мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19.

-Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со коронавирус, истакнаа гостите во видеосесијата Иво Куновски, психолог и Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија и когнитивно бихевиорален консултант, кои се дел од тимот на Клиниката за психијатрија кои работат на овие линии за прва психолошка помош.

Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија и когнитивно бихевиорален консултант, истакна дека стравот, вознемиреноста, и  напнатоста се разбирливи од стравот од непознатото и оти одговорот на оваа ситуација може да биде дневна доза за оптимизам, разговори, како и да се користат интернетот и другите медиумски извори каде што можат да се најдат содржини, како и содржини кои нудат одредени едукативни содржини на кои граѓаните можат да им се посветат во периодите на изолација.

Стручните лица од  Клиниката за психијатрија кои работат на поддршката на граѓаните потенцираат дека физичката изолација не треба да  се идентификува со социјалното дистанцирање, и оти и во оваа ситуација треба да се пронајдат креативни и практични решенија за дружење и за лесни физички активности во моментите кога воведените мерки го дозволуваат тоа, или за време на забраната за движење кога социјалното дружење може и треба да се остварува преку интернет и социјалните мрежи.

Во текот на информативната видеосесија беше нагласено дека од оваа ситуација треба да се изведат позитивните придобивки како што е поголемото квалитетно време кое во оваа ситуација им се отвори како можност на членовите на семејствата кое треба да се искористи за меѓусебна поддршка и охрабрување кое како резултати може да ги зацврсти врските и довербата.

За време на видеосесијата беа посочени телефонските броеви, и другите канали за комуникација за психолошка поддршка, што Министерството за здравство во соработка со Клиниката за психијатрија ги отворија за бесплатна психолошка помош и тоа за различни структури и групи на граѓани.

На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката за психијатрија.

На 078/378-766 можат да се јавуваат трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот;

На бројот 072/919-009 лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00, како и преку апликацијата „Viber“;

На бројот 070/291-657 е овозможена психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот од 09:00 до 16:00 часот.

Функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка, како бројот 072/912-676 за родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст.

Возрасните лица, кои се во самоизолација, можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.

Бројот 078/378-728 е определен за тинејџерите и нивните родители, а бројот 070/291-574 за родители на деца со попреченост.

Поврзани вести

Спасовски: Не сум приврзаник на идејата за 14-дневен карантин во Куманово

Берта Китинска

Спасовски-Галовеј: Нашата земја го очекува полноправното членство во НАТО пред изборите во април

Никола Поповски

Над 200 заразени во Чаир, Аеродром и Гази Баба со ист број позитивни случаи

ДИК со конечни резултати, само три партии ги подигнаа уверенијата

Никола Поповски

Раздвиженост на мигранти од грчка страна на границата со Северна Македонија

На почетокот на наредната недела ќе започнат со работа угостителските објекти, најави Филипче