МАКЕДОНИЈА

Светска банка: За 15 години од Северна Македонија се отселило четвртина од населението

Во последните петнаесет години една четвртина од населението во Северна Македонија (приближно 500.000 луѓе) ја напуштило земјата, покажуваат податоците од Извештајот на Светската банка за „Миграција и одлив на мозоци во Европа и Централна Азија“.

Од невладината организација „Мрежа за спречување на одлив на мозоци“ велат дека постојат повеќе причини за масовно отселување.

„Според последните истражувања, 74 проценти од младите кои ја напуштаат земјата заминале за да најдат работа, проследено со 36 проценти кои се во потрага по подобар живот како и 36 проценти кои се фрустрирани од политичката ситуација во земјата“, вели Иван Иванов, координатор на невладината организација.

Според него, 25 проценти од маладите се враќаат поради носталгија кон земјата, 19 проценти поради тоа што не можеле да најадат стабилна работа во странство, а 19 проценти од младите се враќаат за да започнат свој бизнис.

„Вакватаситуација создава голем општенствен и економски притисок, бидејќи со секој заминат млад човек од земјата, државата губи 15.848 евра на годишно ниво. Од друга страна, за да се образова еден млад човек во земјата, државата ја чини 23.934 евра“, додава Иванов.

Од невладината сметаат дека е загрижувачки фактот дека многу малку системски мерки се превземаат од надлежните институции, бидејќи како што додаваат, досега државата нема спроведено ниту едно истражување и анализа за да ги истражи проблемите и да превземе соодветни мерки. Сите досегашни анализи се направени од страна на меѓународни организации. И.Р

 

 

Поврзани вести

Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјава

Благ пораст на случаи со коронавирус во земјава, надлежните смируваат

Во Дебар 10 новозаразени со Ковид-19 и еден починат

Влатко Зорба

Следуваат сончеви и топли денови

Берта Китинска

Жителите на улицата Лазар Димитров во скопска Кисела Вода се жалат на бавниот процес на санирањето

Влатко Зорба

ДИК го отфрли барањето од дополнителниот заменик-министер за финансии