МАКЕДОНИЈА

Светски ден за борба против ракот

Околу осум милиони луѓе секоја година во светот умираат од рак. Се проценува дека бројот на случаи со рак и смртните случаи од таа болест двојно ќе се зголеми во следните 20 до 40 години, информираат од Здружението „Борка – за секој нов ден“ кое денеска ќе го одбележи Светскиот ден за борба против ракот.

На одбележувањето ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, директорките на клиниките за радиотерапија и онокологија, хематологија и за детски болести, Нино Васев, Ирина Ставридис и Наташа Најдановска-Алулоска, волонтери на Здружението „Борка“ и пациенти.

Светскиот ден на борбата против ракот се одбележува  на 4 февруари, на иницијатива на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), која има за цел да се помогне да се спасат милиони и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и придобивање на влади и поединци од целиот свет да преземат акција против болеста.

Поврзани вести

Синдикатот на пожарникари задоволен од зголемувањето на блок дотациите за плати во Предлог-буџетот

Влатко Зорба

Д-р Мехмедовиќ: Дежурствата за празници е нешто вообичаено, ретко носевме маски, визири никогаш, белиот мантил беше сосема доволен

Берта Китинска

Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјава

„Хлорокин“ ставен на листата за укинување на царинската давачка

Влатко Зорба

Мицкоски од Ѓорче Петров: Власта „можеше“, а тоа е минато завршено време

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ го блокираа Собранието: Поднеснеи илјадници амандмани за три закони

Александар Тодески