МАКЕДОНИЈА

СВР Битола поднесе кривична пријава против ексдиректор на Државниот инспекторат за земјоделство

СВР Битола поднесе кривична пријава против  Румен Стаменов од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Од МВР информираат дека пријавениот Р.С (55) како директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во 2014, на узурпирани земјоделски катастарски парцели на подрачјето на селото Пепелиште, Неготинско, го потпишал известувањето жетвениот процес да биде извршен во три дена – 25, 26 и 27 јуни 2014 година, на површина од речиси 35 хектари.

По тоа, во ДОО „Агроинвест“ – Прилеп биле складирани вкупно 29.510 кг јачмен по што при проверките е констатирано дека жетвата не е спроведена во согласност со законските регулативи, односно во евиденциите на Инспекторатот не постоеле договори за жетва, договор за транспорт, договор за складирање и чување јачмен, податоци за ожнеана површина и количина на ожнеаната жетва.

„Пријавениот, не вршејќи должен надзор, не ги евидентирал количините јачмен и овозможил стекнување противправна имотна корист за други во износ од 700.000 денари, со што го оштетил Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство Скопје“, информираат од МВР.

Поврзани вести

Повеќе од илјада верници за Христовото раѓање во Бигорски

Ивана Рамаданова

ДИК е ненадлежна да одлучува за барањата на Чулев

Никола Поповски

Сите медиуми да се регистрираат во ДИК доколку имаат платено политичко рекламирање

Берта Китинска

Тортевски: Поднесовме кривична пријава против разрешениот реис по неговите закани

Берта Китинска

Груби: Премиер Албанец затоа што успеси во земјата имавме само кога ние кажувавме наши предлози

Боки 13 со честитки за празниците пред почетокот на „Рекет“

Никола Поповски