МАКЕДОНИЈА

Талат Џафери упати четитка по повод Фитер Бајрам

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на сите верници кои денеска го слават големиот празник Фитер Бајрам што е круна на светиот месец Рамазан, им упати искрени честитки за добро здравје, бериќет и мир во душите и домовите.

– Се надевам дека овој Бајрам кој што како и претходно месецот на пост и солидарност го прославуваме на невообичаен начин, далеку од верските храмови, сепак блиску до нашите најдраги и најблиски членови на семејството, ќе ни донесе искрени и убави мисли упатени до целото човештво за што побрзо и побезболно пребродување на овој предизвик кој што како што реков и во претходната Рамазанска честитка, не бира ниту вера, ниту нација, ниту богати или сиромашни, мажи или жени. Нека даровите на Рамазан Бајрам, солидарноста, взаемната почит и разбирање, милоста и опростувањето бидат дарови кои ќе го збогатуваат нашето секојдневие, вели во честитката Џафери.

Почитувани мои, порачува, имајте верба, имајте трпение, бидете силни и останете дома со своите блиски.

– Верата се носи во срцето а домот е вашиот храм, нека е честит Фитер Бајрам!, стои во честитката од Џафери.

Поврзани вести

РСБСП: Брзото возење доминантна причина за сообраќајки

Влатко Зорба

Екипи на Град Скопје и на Противпожарната бригада извршија миење и дезинфекција на кејот на реката Вардар

Филипче: Мораме сите да бидеме одговорни, за да се спречи ширењето на вирусот

МЗШВ: Секој млад земјоделец што ќе ги исполни условите ќе добие неповратни 20.000 евра

Stefanija Kuzmanovska

УНХЦР: Загрижени сме околу бројот на смртни случаи на бегалци и мигранти на територијата на С. Македонија

Донација вредна 100.000 евра од семејството Заеви до Министерството за здравство

Влатко Зорба