МАКЕДОНИЈА

Темелковски: Од претходно знаевме колку токсични материи има во Охис, инициравме чистење

Како општина ги немаме потребната механизацијата и инструменти за да провериме што се случило во Охис. Меѓу првите отидов на терен, не уверија дека не е опасно тоа што се излеало. Неколку часа поминав таму и немав никакви симптоми. Мене ме интересираше, јас сум жител на општината и треба да знам, рече градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

„Петокот сабајлето, кога пријавуваа граѓаните дознавме дека нешто се излеало од Охис. Од претходно знаевме колку токсични материи има во Охис. Ние бевме еден од иницијаторите за расчистување на опасните материјали од Охис. Ние заедно со Владата и министерствата баравме да се почне со чистењето, таму се чисти веќе неколку месеци“, рече Темелковски.

Според градоначалникот на општина Кисела Вода, тие немаат средства ниту начин како да ги дислоцираат токсичните материјали, но иницирале централната власт да почне со чистење на Охис.

„Веќе има процес на чистење. Хлорот, еден од најопасните материи е исчистен од таму. Винил хлоридот е во процес на чистење од Охис. Веќе се знае кои мерки треба да се преземат за да се дислоцира. Си има методологија како се чисти и што се презема ако се случи несакано дејство“, рече Темелковски.

 

Поврзани вести

Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за коронавирусот

АСОМ: Со новиот Закон за игрите на среќа без работа ќе останат 7.700 луѓе

Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ ја води истата политика од груевизмот, нема промени

Viktor Jovanov

Преименувањето на новите имиња на училиштата е целосно во ред, велат од Централен регистар

Ацевски: Потребни се човечки ресурси во Државниот завод за ревизија

Viktor Jovanov

Министрите за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан со заедничка изјава