МАКЕДОНИЈА

Тигањ: Еден од приоритетите на хрватското претседавање со ЕУ ќе биде проширувањето, а особено отворањето преговори со С. Македонија

Еден од приоритетите на хрватското претседавање со Европската Унија ќе биде проширувањето, а особено отворањето преговори со Северна Македонија. Со оптимизам гледаме на напредок во претстојниот период и на позитивен исход. Наша намера е да го премостиме и да го деблокираме она што за жал не беше направено во октомври минатата година на Советот на ЕУ и да пронајдеме решение со кое ќе се деблокира одлуката за пристапни преговори меѓу Европската Унија и Северна Македонија.

Ова во екслузивното интервју за МИА го вели амбасадорката на Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, чија земја од 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ.

– Хрватска ќе стреми да се заземе и засилено ќе се ангажира за да ги увери државите за продолжување на пристапниот процес и да се изнајде начин и модел Северна Македонија да отвори преговори, вели амбасадорката Тигањ .

 

 

Поврзани вести

Словачката амбасада донира медицинска опрема за Универзитетската Клиника за детски болести

Д-р Чепреганов: Секој кој мисли дека вирусот не постои прави голема грешка

Берта Китинска

Владата отвори расправа за Предлог-буџетот за 2020 година

(ФОТО) Пред кафуле во „Мавровка“ исечено здраво дрво

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието продолжува денеска со сослушување на 15 пратеници

Александар Петровски

12-то издание на Фестивалот на музика од светот

Влатко Зорба