МАКЕДОНИЈА Политика

Трајанов: Бугарија поставува апсурдни тези околу македонското прашање

Во гостувањето во Само Вистина, Павле Трајанов од Демократски сојуз истакна дека Бугарија поставува апсурдни тези околу македонското прашање.

-Бугарија поставува апсурдни тези околу македонското прашање затоа што јазикот е главна карактеристика која го одбележува еден народ, една нација. Тоа значи дека ако го оспори нашиот јазик го оспорува македонскиот народ и мислам дека крајно неодговорно од страна на Бугарија тие да ја утврдуваат нашата историја уште помалку што треба да пишува во учебниците кои ги користат нашите ученици. Тие тези кои ги пласира Бугарија се крајно опасни и можам да кажам дека се непријателски тези кон нашата држава. Како држава треба да се обединиме да изградиме единство да имаме посебна стратегија како да се зачуваат нашите вредности. Се надевам дека во оваа држава има црвени линии кои не смеат да се попуштат надвор од нив. Бугарија пласираше сосема неприфатливи тези и треба сосема јасно да им кажеме дека јазикот е клучно обележје, истакна Трајанов.

Поврзани вести

Заев за „Политика“: Во потегот на Макрон, јас гледам намера да се спроведат реформите во ЕУ

Maja_Serafimova

ЕК: Северна Македонија ги забрза реформите, треба да почне преговори

Заев: Избори час поскоро, време е држава во целост да ги стави во функција институциите

Скопјанец со „Југо“ удрил во бетонска ограда

Никола Поповски

Ахмети со новогодишна честитка за 2020. година

Презентирани иновативни студентски проекти од програмата INNO SAE

Влатко Зорба