МАКЕДОНИЈА Политика

Трајанов: Власта не смее во вакви ситуации да им се додворува на верските заедници

„Граѓаните покажаа железна дисциплина, затоа што овој вирус не се прошири многу“, изјави Павле Трајанов за емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ.

За него, исклучително рестриктивните мерки спречиле ширење и тие мораа да бидат избалансирани.

„Не се доволни само здравствените власти да креираат кога, како и на кој начин ќе се организираат изборите. Тие треба да се држат до струката. Ние имаме земји кои успешно се справија без цврсти рестриктивни мерки“, вели Трајанов.

Тој смета дека некои мерки немале логика како што беше ограничено движењето на постарите во само  два часа дневно.

„Не може да се носи уредба каде што Армијата ќе ги има истите овластувања како и полицијата. Не требаше таа да бие вклучена и да држи ред пред институциите и банките“.

Трајанов додава и дека власта не смеела да се додворува во вакви ситуации на верските заедници, алудирајќи на тоа дека ќе добијат поддршка пред изборите.

Поврзани вести

ДОМ: Рудникот Иловица остана само лош сон!

Влатко Зорба

Николовски: Го бараме мандатот за до крај да ги спроведеме нашите политики

Министерот Димитров очекува поддршката од Латвија, Луксембург и Ирска за нашите евроинтеграции

Ивана Рамаданова

МакКанабис: Измени во Законот за да може да извезуваме цвет од канабис

Александар Тодески

„БОМБИ“: Мицкоски зборува за земање пари од осомничени за криминални дејствија, Заев за постапки од кои нема последици

Влатко Зорба

Атанасовски за гужвите пред банките: Луѓево како глинени голуби чекаат

Берта Китинска