МАКЕДОНИЈА

Трајковски не се појави на рочиштето за „ТНТ“

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот екс градоначалник на Гази Баба – Тони Трајковски во случајот „ТНТ“ соопшти дека неговиот клиент не може да присуствува на рочиштата поради неговата здравствена состојба.

Во судот присуствуваше и докторката Викторија Вујиќ, која сведочеше за здравствената состојба на Трајковски. На новинарите сепак не им беше дозволено да го слушнат нејзиното сведочење за состојбата на Трајковски.

Судот по сведочењето соопшти дека рочиштето за „ТНТ“ е одложено за 6 февруари.

Во изјава за медиумите, Страшевски изјави дека болеста на Трајковски е од времен карактер и дека му треба десет до петнаесет дена да одмара и да оздрави.

Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, обвинети се и Миле Јанакиески и екс премиерот Никола Груевски.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Богојески прашува каде било ВМРО на 11-Октомври?

Влатко Зорба

ЈО: Итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите

Филипче: Сите случаи во Велес се поврзани со веќе докажани пациенти, нема ново жариште

Успешен старт на реализација на измените на мерката 1.2.1 со кои се овозможи набавка на рекордно голем број на високостелни педигрирани јуници

Никола Поповски

Во собраниските фотелји седнаа 120 пратеници , најмладата народна избраничка има 23 години

Берта Китинска

Стабилно и суво, со магла по котлините

Никола Поповски