МАКЕДОНИЈА

Трет смртен случај од компликации од грип

Педесетгодишен човек почина на Универзитетската клиника за пулмологија од компликации од грип. Тоа е трет смртен случај од компликации од грип по двата во изминатите десет дена кога девојче почина на Клиниката за детски болести, а 85-годишен човек почина на Клиниката за инфективни болести. Ова денеска го истакна д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

– Сите имале хронични заболувања, не биле вакцинирани против грип, биле третирани со антивирусна терапија и биле позивини на инфлуенца АH1 поттипот, рече д-р Кузмановска, која посочи дека има зголемена активност на грипот во државава и регистрирани се 5.660 заболени од грип, што е зголемување за 74 отсто.

Во меѓувреме, од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести редовно ја следи состојбата со грип во државата и согласно стручните препораки се забранети посетите на хоспитализирани пациенти во јавните здравствени установи, со цел да се спречи натамошно ширење на грипот. Исто така, посочуваат, Комисијата ја следи состојбата со новозаболени деца во училиштата и во зависност од проценките ќе предлага нови мерки и препораки, согласно состојбата на терен.

Д-р Кузмановска рече дека сите градови пријавиле број на заболени од грип, а расте и бројот на лабораториско тестирани и потврдени примероци од заболени лица.

– Оваа недела достигнавме 68 отсто, што е најголем процент. Од вкупно тестирани 91 материјал 62 се позитивни. Докажани се инфлуенца А и различни поттипови на вирусот и инфлуенца Б. Најголем број од заболените се на возраст од 15 до 64 години, иако трендот на пораст на зафатеноста останува ист. Најмногу заболуваат школските деца на возраст до 15 година. Сите 28 известувачки единици во градовите прикажаа активност на вирусот. Очекуваме во наредните недела, две овој тренд да се стабилизира и да почне да опаѓа доколку нешто непредвидено не се случи, рече д-р Кузмановска.

Одговарајќи на новинарско прашање д-р Кузмановска рече дека комуницираат постојано со патници, наши и странски граѓани кои влегуваат на еден премин, излегуваат на други премин соодветно на сите процедури кои се востановени и практично се имплементираат на нашите гранични премини и сувоземни и на аеродромот.

– Пристигнуваат шест од работниците од Кина, кои таму беа подложени на 14-дневен карантин пред нивното доаѓање, а кои работат во западниот дел на државава. Тие ќе бидат соодветно пречекани од наши здравствени работнции и во зависност од тоа каква им е здрвствената состојба, во каква состојба се, после земена епидемиолошка анкета ќе се утврдат натамошни мерки. Можно е нивно 14-дневно задржување и тука во нашата држава пред да почнат со работа, истакна д-р Кузмановска.

Посочи дека согласно сите процедури немаат дополнителни информации за наши граѓани кои се позитивни или болни во некоја од другите земји. – Редовно комуницираме и добиваме редовно известување од фокал точката за меѓународниот здравствен правилник од Јапонија за состојбата на нашите патници на бродот во Јапонија и со другите соодветни такви фокал точки во другите држави ако нешто се случува, додаде д-р Кузмановска.

Поврзани вести

Бучковски: Огорчен сум од Јанева, но срамота беше онака да се носи од Шутка во домашен притвор

Варвициотис: Грција е против раздвојување на европската перспектива на Скопје и Тирана

Maja_Serafimova

На 75-годишнината од ослободувањето на Прилеп, реконструиран споменикот кај Дабница

Влатко Зорба

Едно лице рането во оружен инцидент во Скопје

user4

Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче

Како гаранција дека нема да избега, Боки понуди 150.000 евра

Берта Китинска