МАКЕДОНИЈА Политика

Тричасовна средба меѓу Заев и Ахмети: Постигнати се основи за формирање на нова Влада

Од СДСМ излегоа со соопштение во кое ја известуваат јавноста деа попладнево завршила работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествувале претседателите Зоран Заев и Али Ахмети и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.

„Средбата доаѓа после доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на Претседателот Пендаровски за составување предлог за Влада со четиригодишен мандат. На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото. Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари“, велат од партијата.

Поврзани вести

Беса го доби министерството за земјоделство потврди Касами

Прва официјална средба на Бесими со Жбогар

Берта Китинска

Манчевски: Можеме да се договараме за датум за избори до одреден временски период

Заев утре во Нови САД на состанок со Вучиќ и Рама

user3

Шекеринска: Игри со политики не се дозволени во сегашната криза со коронавирусот

Македонските танчери СВЕТСКИ ШАМПИОНИ во Латино Шоу

Влатко Зорба