МАКЕДОНИЈА

Тројцата патници од Италија и Шпанија се негативни на коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на коронавирус се тестирани тројца патници чии резултати се негативни. Станува збор за македонски државјани, од кои двајца допатувале од Италија и еден од Шпанија.

Министерството наведува дека тие биле тестирани по денешната изјава на министерот Венко Филипче во Куманово, каде што рече дека нема нови пациенти кои во тој момент се тестираат за коронавирусот.

Филипче и премиерот Оливер Спасовски денеска го посетија најфреквентниот граничен премин Табановце, на кој доаѓаат патници од регионот на Северна Италија.

Министерот таму изјави дека припадниците на Министерството за внатрешни работи и царинската служба одлично се справуваат со ситуацијата и целосно се почитува утврдениот алгоритам за контрола на патниците.

Спасовски и Филипче апелираа до сите кои патуваат или ќе допатуваат во нашата земја, точно да одговараат на прашалникот, бидејќи на тој начин го штитат своето и колективното здравје на граѓаните.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Шекеринска: Реакциите за сликата со Дехари доаѓаат од оние кои 9 години беа во коалиција со него

Никола Поповски

Врнежи од дожд, а на планините од снег

Stefanija Kuzmanovska

Македонски телеком: Принудени сме да почнеме со времени прекини во реемитувањето на сите телевизиски програми

Таравари: По четири лица седат на маса во Чаир или Гостивар, во општини со македонско мнозинство седат по двајца

По сведочењето на Стефанова: Се работи за „Рекет“ или „Поткуп“?

Дескоска: Кога давате зголемени ингеренции на обвинителство, треба да се зголемат капацитетите, не ги вдомуваме обвинителите од СЈО

Viktor Jovanov