МАКЕДОНИЈА

Царовска – Брнз: САД ги поддржуваат реформите во образованието

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше прв работен состанок со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз, и со претставници од УСАИД.

Како што соопшти МОН, амбасадорката Брнз истакна дека Амбасадата на САД продолжува да биде важен стратешки партнер во унапредувањето на образовниот систем во Северна Македонија и посочи дека Амбасадата е подготвена да го продолжи и унапредува силното партнерство и да даде поддршка на реформските процеси во образованието.

– На средбата министерката Царовска ја информираше амбасадорката и останатите присутни за сите актуелни теми поврзани со стартот на учебната година во услови на Ковид-19, но и за други тековни активности на министерството, се наведува во соопштението од МОН.

Поврзани вести

СДСМ: Маркоски пред граѓаните ја истакна својата контрадикторност за Ковид 19

Ангела Веселиновска

Хан: Не ги испочитувавме нашите ветувања, се надевам дека одлуката ќе се ревидира

Ивана Рамаданова

Регистрирани 436 прекршоци за неносење маска

Никола Поповски

ВО ЖИВО: Прес-конференцијата на Венко Филипче

Берта Китинска

Богојески: Потребен ни е премиер кој е економист, бидејќи вистински проблем е ликвидноста на компаниите

Во Куманово, Тетово и Прилеп, задолжителнo носење заштитна опрема кога ќе се излегува надвор

Берта Китинска