МАКЕДОНИЈА Политика

Царовска во Крњево: Продолжуваме да инвестираме во младите

Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, попладнето се сретна со жителите на Крњево. На средбата Царовска разговараше за сработеното до сега и за она што го нуди предизборната програма на коалицијата “Можеме”. Царовска ги повика жителите на Крњево на 15 јули да гласате за СДСМ, бидејќи како социјал – демократи веруваме во праведност и праведно општество.

“Оваа држава има капацитет да направи се граѓаните да живеат подостоинствено. Продолжуваме со инвестирање во младите. Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите”, рече Царовска.

Царовска рече дека СДСМ подеднакво се грижи и за повизрасните.

“Направивме стабилизација на пензискиот систем. Пензиите ги зголемивме за 722 денари коишто влегоа во основицата и се исплаќаат секој месец. Воведовме социјална пензија којашто ја користат на 6.000 граѓани. Ги зголемивме платите, а продолжуваме да ги зголемуваме и во следниот мандат. Мнималната плата ја зголемуваме до 40%, а присечната плата до 30%. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите” рече Царовска.

Поврзани вести

Коалициските партнери од „Можеме“ го поддржаа договорот на СДСМ и ДУИ, вечерва ќе се дефинираат кадровските решенија

Александар Петровски

МВР санкционира 339 возачи во Скопје

Никола Поповски

Мицотакис: Гледам да ги подобрам аспектите на договорот од Преспа кои предизвикуваат проблеми

Спасовски за Велигден дома во Куманово

Берта Китинска

Кежаровски: Ако не му е се јасно на Мицкоски за Младенов, ќе му објаснам детално во неколку фази

Никола Поповски

ВМРО-ДПМНЕ: Кривичната пријава за бесправно изградениот објект кај Мавровска е обичен популизам

Берта Китинска