МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Мора да има седница на Собранието за потврда на вонредната состојба

Независната пратеничка од коалицијата на СДСМ, Ивана Туфегџиќ на Фејсбук посочи дека Собранието има должност да се свика седница, па дури и таа де се одржи онлајн,  за да ја потврди вонредната состојба и за да ја поништи одлуката за распуштање на Парламентот.

„Никој во овој момент нема причина да се бави со ова прашање, ама е од суштинска важност за праксата која ќе се создаде, за да нема опасни преседани, особено бидејќи вонредна состојба е веќе прогласена и мора да имаме предвид дека може да се случи тоа повторно и некогаш во иднина, а таа носи ограничување на правата и слободите на граѓаните затоа мора да има јасна пракса за во иднина. Оттука Собранието има должност да се свика, макар и онлајн да се одржи седницата, за да ја потврди вонредната состојба и за да ја поништи одлуката за распуштање на Парламентот“, вели Туфегџиќ.

Таа посочи дека во одлуката на Уставниот суд со која се одложија изборите во 2016 година е јасно наведено дека мандатот на пратениците се продолжува во вонредна или во воена состојба.

„Најмалку сакам да полемизирам со Претседателот на Собранието преку фејсбук ама немам друг избор со оглед на тоа дека Претседателот не го свикува Собранието, а говори од име на пратениците. Претседателот знае, и со искуството кое го има, а и како подносител на иницијативата за оценка на уставност на одлуката за распуштање во 2016 година, дека во одлуката на Уставен Суд јасно стои дека “мандатот на пратениците продолжува само во вонредна или воена состојба” и дека уставниот рок од 60 дена за предвремени избори не може да биде скратен. Избори на 12 Април нема да има, бидејќи вонредната состојба ќе трае до 18ти Април, не само затоа што партиите така се договориле. Мене ми е јасна интенцијата да се спречи преседан, ама и ова е големо ама во моменти на вонредна состојба мандатот(ако веќе некој тврди дека бил изгубен) е вратен. Ако останеме на оваа констатација од Претседателот на Собрание тогаш кој ќе распише избори? Владата? Ќе има избори во вонредна состојба“, пишува пратеничката Туфегџиќ.

Поврзани вести

Прекинат изборниот процес, продолжува еден ден по завршувањето на вонредната состојба

Александар Тодески

Богоев одново ќе ја презентира јавната анкета за предложениот ДУП за Трнодол

Александар Тодески

Продолжува периодот на топло време, задутре слаб локален дожд

user3

Тортевски: На 7-ми декември е основачкото собрание на „Твоја Партија“

Влатко Зорба

ФОТО: Децата ја потсетија владата за недостатоците во образованието

Бадниковото гранче е старо паганско верување, не е христијански обичај