МАКЕДОНИЈА

Тупураинен: Францускиот предлог за реформа на проширувањето нема да биде тема на дебатата денеска

Францускиот предлог за реформа на проширувањето нема да биде тема на дебатата денеска, изјави утринава Финската министерка за европски прашања, и ЕУ претседавач, Тити Тупураинен, пред почетокот на Советот за општи работи.

„Станува збор за далекусежна работа, нема да дискутираме за француската иницијатива денеска, ќе се навратиме на политиката на проширувањето и ќе испратиме силна порака до земјите од западниот Балкан дека ЕУ ќе исполни и ќе се наврати на прашањето идната пролет“, изјави министерката Тупураинен, која претседава со денешниот министерски состанок и која го одредува дневниот ред на дискусиите.

Министрите ќе разговараат за состојбата со проширувањето откако одлуката за почеток на преговорите со Северна Македонија беше блокирана од страна на Франција во октомври, но нови предлози не може да има сѐ додека не стапи на сила новиот состав на Европската Комисија.

„Добро е што земјите членки имаат предлози, тоа помага да се одржи процесот, но потребна ни е нова Комисија за да можеме конечно да постигнеме едногласна одлука, денес ќе испратиме силна порака дека ЕУ нема да сврти грб“, изјави финската министерка.

Поврзани вести

Сончево и топло со слаб северен ветер

Влатко Зорба

Ангелов: Мицкоски можеше да повика на масовни протести, но не е против Преспанскиот договор

Viktor Jovanov

Коронавирусот најмногу ги погодува старите лица со здравствени проблеми, вели Филипче

Рупник: Со блокирање на проширувањето на ЕУ, Макрон направи историска грешка

Maja_Serafimova

Идната недела медицински тимови од Шведска и од Словенија во државава, најавена помош и од Германија

Франција ќе донесе одлука врз основа на препораките на ЕК, вели Амели де Моншалан