ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

Ученици наместо испит, бараат дополнителна паралелка – протест пред училиштето „Панче Караѓозов“ (ФОТО)

На протест пред средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ денеска излегоа ученици и родители за да се спротивстават на одлуката за полагање приемен испит за упис во училиштето бидејќи се пријавиле повеќе кандидати.

Тие наместо испит, бараат отворање на уште една, дополнителна паралелка за отсекот медицински сестри.Според информациите, за 102 слободни места се пријавиле 168 деца.

Во три средни училишта со здравстевна струка денеска од 10 часот беше организирано квалификациско тестирање за ученици-полуматуранти кои конкурирале за насока медицинска сестра. Тестирањето ќе биде по предметите билогија и хемија, а од резултатите ќе зависи кои ученици ќе бидат примени во прва година во 2020/2021 зашто има повеќе кандидати со максимални (75) бодови отколку што се предвидени слободни места во Конкурсот на МОН.

Се работи за СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за медицинска сестра на настава на албански јазик, каде што се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број бодови се пријавени 166 ученици.

Во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, слободни се 34 места односно една паралелка, а со исти бодови се пријавени 39 ученици, како и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максинални (75) бодови.

Според првичните податоци од МОН во петокот, квалификациско тебаше да се спроведе и во скопската гимназија „Орце Николов“ за билингвалните паралелки на англиски јазик. Но во петокот вечерта им е одобрено да имаат уште една, четврта билингвална англиска паралелка поради големиот интерес.

„Панче Караѓозов“„Панче Караѓозов“„Панче Караѓозов“

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Твитер реакции: На Караџовски и МВР требаше да му го дадат па да видевте дали ќе имаме нови заболени

Влатко Зорба

Заев за 360 степени: Причината за недобивањето датум треба да биде јасна – Не е до нас!

Влатко Зорба

Скопјанец извршил самоубиство со скок од зграда во скопската населба Север

ФОТО: Американски и грчки воени авиони го надлетаа Скопје и го поздравија влезот на Северна Македонија во НАТО

Царовска: Најавите на ВМРО-ДПМНЕ за чепкање во Преспанскиот договор ќе ја врати државата во изолација

Лепавцов: Потребно е итно модернизирање на армијата

Viktor Jovanov