МАКЕДОНИЈА

Учениците се враќаат во училиштата, ќе носат маски и држат дистанца

Преполовени паралелки,  скратени часови, наставници кои ќе ја предаваат истата лекција скратено, по 20 минути на 2 групи од исто одделение. Ова се само дел од препораките и протоколите на Министерството за образование и наука (МОН) за новата учебна година, објави Телма.

Како што е наведено, одложување на почетокот на учебната година нема да има, па се очекува учениците со маски на лицето и на дистанца да се најдат во училишните клупи на први септември.

– Протоколите за отворање на училиштата се готови, останува да се доконкретизираат некои работи. МОН побара од СОНК да се вклучи со свои препораки и мислења, па очекуваме да добиеме став од нив до четврток, а за од понеделник протоколите да можат да бидат усвоени на седница на Владата – изјавила за Телма, Елизабета Наумовска, заменик-министерка за образование.

Поврзани вести

Град Скопје апелира: Поради силниот ветер граѓаните да се воздржат од излегување надвор

Берта Китинска

Викендов облачно со локални врнежи од дожд и снег

Влатко Зорба

Акција за конфискување на нелегално исечени дрва во Малешевијата: Дел запленети, дел ќе се запленуваат деновиве

Полициски инспектор негира дека осомничен во случајот ,,Монструм” бил тепан

Александар Петровски

Лукаревска: Со бокс во лице на жена не се „исправа“ држава

Таткото на Моника Конопова во полиција пријавил дека таа го нападнала него со тврд предмет