МАКЕДОНИЈА Политика

УХМР: Ниски утрински температури

Температурата во Берово изутрина во седум часот температурата изнесувала еден степен под нулата, а во Маврово нула степени, соопштуваат од УХМР. Од таму велат дека еден степен е регистриран во Лазарополе, два во Битола, три во Дебар, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово и Демир Капија, четири во Охрид, Претор, Прилеп, Струмица, Крушево и Куманово.

Пет степени изнесувала температурата во Скопје-Зајчев Рид и Штип, Гевгелија  шест, Виница осум , а во Дојран десет, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Изминатата ноќ времето беше претежно ведро, со слаб ветер од јужен правец. Во Струмица има појава на магла.

Според најавата од УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 16 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени

Поврзани вести

Д-р Маја Мојсова Мијовска: Треба да вложиме во едукацијата – што значи органодарителство по смртта

Заев од Собрание: За македонскиот јазик и за македонскиот индентитет на се преговара

Берта Китинска

Чулев: СВР Охрид работи на идентификација на лицата кои учествуваа на Литијата

Филипче: Потешко се дише на респиратор, носи маска

Влатко Зорба

Мицкоски: Има разговори со партиите, но не и договор за датумот за избори

Влада: Доставивме нов текст за Законот за ЈО, претходниот е повлечен поради технички грешки

Александар Тодески