СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

УЈП: Ако имате сметка во „Еуростандард банка“ и барате поврат на ДДВ, веднаш извршете промена

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.

-Промената на трансакциската сметка во апликацијата МојДДВ се врши на следниот начин: Најавете се во апликацијата МојДДВ и во долниот дел од екранот одберете  го прозорчето „профил“, потоа во делот трансакциска сметка внесете ја Вашата нова трансакциска сметка. Оваа промена треба да ја потврдите со лозинка која ја користите за најава на Е-ПДД, потоа го бирате копчето „зачувај” и Вашата трансакциска сметка е сменета, објаснува УЈП.

Управата повикува оваа промена да ја направат и сите корисници на МојДДВ кои имаат внесено погрешна трансакциска сметка.

-Точно внесените податоци во апликацијата МојДДВ се основа за исплата на поврат на ДДВ за сите граѓани кои ја користат апликацијата и скенираат фискални сметки, стои во соопштението од УЈП.

Поврзани вести

Нуредини: „Пејпер Мил“ ќе стартува со производство, кога ќе ги исполни обврските

Влатко Зорба

ТВИТЕР КАЗНET ОД РУСКИ СУД: 35.000 евра затоа што не избришале содржина

Влатко Зорба

Долгорочна суспензија од котација на АрцелорМиттал Скопје (ХРМ) и Благој Туфанов

Влатко Зорба