МАКЕДОНИЈА

Укинато флексибилното работно време во државната администрација

Од први октомври, сите вработени во државната администрација ќе работат од 8 до 16 часот.

„Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа и, наместо сегашното работно време од 7.30 до 15.30 и од 8.30 до 16.30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 8.00 до 16.00 часот“, стои во соопштението на Владата.

Флексибилното работно време се воведе на 1 септември 2017 година.

За Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, Министерството за внатрешни работи: подрачните отсеци во Секторот за управно – надзорни работи во Одделот за граѓански работи, како и во Министерството за одбрана – за одделенија за одбрана за регион со градовите и општините во состав беше воведено работно време од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот, со време на работа од 08:00 до 16:00 часот.

Поврзани вести

Каков имот пријавиле новите пратеници: Муцунски нема стан, Апасиев со кредит од 3,5 милиони денари

Александар Петровски

Во детската болница Козле примен првиот возрасен пациент

Stefanija Kuzmanovska

Мицкоски: Непроменет е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за договорите со Грција и Бугарија

Влада: Поништени решенија за распоредување и наредби во МВР потпишани од Чулев

Талески: Судскиот процес беше циркус за јавноста

Берта Китинска

Мицкоски: Мојот карантин завршува (ВИДЕО)

Влатко Зорба