МАКЕДОНИЈА

Уписите во прва година во средните училишта во еден уписен рок, но со проширени термини, поради пандемијата

Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување на 16 и 17 јуни 2020 година. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни 2020 година.

-Средните училишта на Град Скопје го организираат пријавувањето и запишувањето на ученици согласно Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта во Р.Северна Македонија за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година . Со оглед на пандемијата со КОВИД – 19 и потребата од воспоставување на безбеден начин на вршење упис, средните училишта на град Скопје воведуваат проширување на дефинираните термини за првото пријавување согласно очекуваната заинтересираност на ученици за упис и досегашното искуство. Утврдените временски термини се поставени на нивните веб страни и комуницирани преку социјалните мрежи, а целта на проширените термини е да се овозможи максимална безбедност за сите кои се дел од процесот, велат од Град Скопје.

Од учениците се очекува да имаат претходно пополнета Пријава која е електронски достапна како и претходно подготвена целосна документација со цел што пократко задржување во училиштето.

Влезот во училиштето се ограничува само на учениците кои се запишуваат без придружба од родител/ старател со исклучок на ученици кои од оправдани причини се спречени самостојно да го извршат уписот, и во тој случај се дозволува присуство на еден родител/ старател.

Користењето на заштитна опрема како маски и ракавици, оддржувањето на 2 метри физичка дистанца и целосно почитување на насоките од присутните редари е задолжително за секој посетител.

Поврзани вести

Шилегов: Конечно срушена пералната на 3-та Македонска бригада накај Лисиче

Влатко Зорба

Маж турнал 88-годишна жена во Скопје, со тешки повреди е пренесена во болница

Заев се сретна со нашиот тим од заедничката комисија за историски и образовни прашања со Бугарија

user4

Ќе имаме променливо облачно време, наместа со пороен дожд

Еко Герила: ДУИ преку своите службеници врши притисок врз граѓанскиот сектор

Мицкоски уловен како се шета низ Водно. Дали продолжува да не ги почитува препораките? (фото)

Берта Китинска