МАКЕДОНИЈА

Урбани топоними во Центар – инсталации наменети за зачувување на спомените на градот (ВИДЕО)

Идејата на проектот Урбани топоними е да ги означи значајните урбани места (микролокации), во Општина Центар, кои за помладите генерации скопјани, но и за многуте граѓани од цела Македонија кои се доселени и/или престојуваат во Скопје се целосна непознаница.

Популарниот „Рекорд“, поранешниот ресторан „Стар Ловец“, Маџир Маало и поранешното скопско Корзо се 4 посебни локации во општината, каде 4 македонски уметници се претставија со 4 инсталации-скулптури, кои имаат за цел да ги потсетат скопјани на 4-те градски локации.

Градоначалникот Саша Богдановиќ, заедно со тимот на Центарот за современи уметности Скопје и уметниците, вчера на локацијата „Рекорд“, го означија почетокот на проектот и ги посетија поставените инсталации.

„Секоја генерација на скопјани си остава свој белег на животот на градот на свој начин. Општина Центар е срцето на Скопје и затоа, една од заложбите на општината е и чувањето на урбаните спомени на просторите во центарот на градот“, вели Богдановиќ.

Проектот Урбани топоними Општина Центар го реализира со Центарот за современи уметности Скопје.

Поврзани вести

Момче уапсено на Средно Водно поради марихуана

Само 23% од граѓаните веруваат во судството, велат од Коалиција Маргини и здружението ЕСЕ

Александар Тодески

Откриен илегален мигрант и запленети девизи, техничка стока, делови за мобилни телефони

Никола Поповски

Нова средба на работните групи за законот за ЈО

Никола Поповски

Костовски: Можеа да не затворат уште лани, ама оставија да заглавиме 15 милиони евра

Никола Поповски

Момче со автомобил прегазило старица во Охрид