МАКЕДОНИЈА

Уште две лица тестирани за короновирус на Инфективна

Покрај пациентката кај која вчера беше потврден коронавирус, на Инфективната клиника во меѓувреме се тестирани уште две лица, кај едното е негативен резултатот, а кај второто парцијално позитивен и се прават дополнителни тестирања, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Едниот е возач на камион кој патувал преку северна Италија со симптоми на грип и неговиот тест е негативен, а вториот случај ежена која со сопругоит била на патување во Рим. Нејзиниот тест е само парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се прави дополнително тетсирање за да се отстранат сомнежите. Резултататите ќе бидат готови за два часа, истакна Филипче, во изјава за мадиумите на Вториот Форум за национално здравје.

Тој посочи дека пациентката со потврден коронавирус е во добра состојба и оти во меѓувреме се исконтактирани и ставени во домашна изолација и лицата кои биле во контакт со неа и со другите патници во комбето со кое се превезувале. Се досега укажува дека лицата не биле во контакт со голе маса луѓе.

Како што најави Филипче, денеска во 13 часот ќе има состанок комитетот за координација на активностите заедно со припадници на МВР на кој ќе биде утврдено дали ќе продолжи домашната изолација за лицата или тие ќе бидат премесетни во центрите за изолација на инфективните одделенија.

Поврзани вести

Кривична пријава за охриѓанец кој го претепал својот малолетен син

Никола Поповски

ГАЛЕРИЈА: Судските службеници на протест бараат повисоки приходи, ги поддржа и судијата Џолев

Од две возила бил удрен полицаецот што вчера загина на автопатот Тетово – Гостивар

Александар Петровски

Брнс им ја нагласи важноста на законот за ЈО на независните пратеници

Берта Китинска

Шилегов: Ние за разлика од претходниците не сечеме дрва за да градиме згради

Влатко Зорба

Шекеринска: Дали ќе се враќаме на затворени медиуми, незаконски прислушкувања и целосна контрола на државата?

Влатко Зорба