МАКЕДОНИЈА

Уште една жртва од коронавирусот во Македонија

Коронавирусот зеде уште една жртва во Македонија, дознава Слободен печат. Пациентот бил сместен на Инфективната клиника во Скопје, а бил од Дебар.

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука денеска потврди дека уште едно лице од Дебар има починато од коронавирусот, пишува весникот Коха.

Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Информацијата ја потврдија и неговите најблиски кои рекоа дека тој бил болен од коронавирус и дека пред неколку денови бил хоспитализиран во скопската клиника.

Според податоците на Дука, до денеска бројот на заразени лица во Дебар е 47, додека осум жители на градот кои се излечени во Скопје се вратени во нивните домови во Дебар.

Повеќе детали се очекува да изнесе министерот за здравство, Венко Флипче, на редовната прес-конференција.

Ова e осмата жртва на коронавирусот во државата, а заболени се 285 лица.

Поврзани вести

Од денеска неформална едукација за учениците и децата на претшколска возраст на МРТ

СДСМ: Мизрахи лаже за профилот на „Ап Ворк“

Никола Поповски

Пановски: Треба да се отворат само градинките, професорите и наставниците се поризична група од децата

Скопјанец извршил самоубиство со скок од зграда во скопската населба Север

Петровска им оддаде почит на загинатите херои во Куманово: Секоја неправда има име и презиме, и ова злосторство има име и презиме

ССНМ: Најостро ги осудуваме нападите врз новинарката Бурнс од страна на вработен во Царина